Online Shopping Mall - Macedonia, Kosovo and Albania

PHARMANOVA Фортелакс сируп, 75 мл

  • 1 In Stock

  • 0 Review(s)

Price :

5.74€

Product SKU: PHNV-27

Препорачано за целосно празнење на цревата како подготовка за:

  • радиолошки прегледи на гастроинтестинален и урогенитален тракт,
  • сцинтиграфија на цело тело,
  • ректоскопија и колоноскопија,
  • хируршки зафати изведени под општа анестезија
  • како помош при запек, акутен и хроничен.

Начин на употреба:

– Возрасни: 1 ден пред прегледите кои бараат целосно празнење на цревата, се пие целото шише одеднаш. Потоа наполнете го истото шише три пати последователно со вода и пијте. – Деца: до 14 години треба да пијат 1 мл сируп на кг телесна тежина, а потоа тројно да ја зголемат количината на вода. Запек: – Возрасни: 3 мерни лажици (15мл) сируп и полна чаша вода, навечер по потреба. – Деца: На возраст под 14 години треба да пијат 0,2 мл на кг телесна тежина, а потоа тројно количество вода. Фортелакс не се користи во случаи кога има:
  • интестинална опструкција, апендицитис или неодредени симптоми во абдоминалната област
  • во случај на преосетливост на која било компонента вклучена во составот на сирупот.
Долготрајната употреба (месеци и години) може да доведе до дегенерација на миентеричниот плексус, атонија на дебелото црево и хипокалемија. Едно шише содржи 50 g сахароза (шеќер). Може да се дава на бремени жени и доилки, бидејќи концентрациите што минуваат во млекото не влијаат на доенчето. Кај бебиња и мали деца, по земањето на Фортелакс, се препорачува чести менувања на пелени заради можна појава на осип. Прекумерното внесување може да доведе до дијареа со поголема загуба на вода и електролити, особено калиум. Состав: 5 ml сируп содржи 10 mg хидроксиатрацен гликозиди од листовите на сена Помошни супстанции: метил пара-хидроксибензоат, пропил пара-хидроксибензоат, сахароза, етил алкохол, есенцијално масло од анасон, прочистена вода. Складирање: Се чува на собна температура (15 до 250C), заштитено од светлина, подалеку од дофат на деца.

Ratings & Reviews

0.0

No Review Found.


To Review


To Comment