Online Shopping Mall - Macedonia, Kosovo and Albania

TEHNOMEDIKA CGMS Предавател на сигнал CT-100

  • Out Of Stock

  • 0 Review(s)

Price :

83.7€

Product SKU: THMD-2

CGMS е систем за континуирано мерење и мониторинг на нивото на шеќер во крвта и е најнапредната метода за контрола и управување со дијабетесот во светот! Истиот се состои од три компоненти - сензор со уред за апликација, предавател и приемник каде улогата на приемник може да ја врши секој смарт телефон. Системот за континуирано следење на гликозата (CGMS) Ви овозможува:

  • Информација за нивото на гликоза во крвта во секое време од денот
  • Можност да ги извршувате Вашите секојдневни работни обврски како и да бидете физички активни, притоа во секој момент да имате информација за состојбата со нивото на гликоза;
  • Бидете информирани за тоа како и дали одредена храна или лекарства делуваат на Вашето ниво на шеќер во крвта;
  • Обезбедете мирен сон  – системот веднаш ќе пријави и алармира доколку настанало отстапување на нивото на гликоза со цел брзо превземање на соодветни мерки;
  • Минимизирање на ризикот од компликации поврзани со дијабетес: проблеми со очите, крвните садови и нервниот систем;
  • Минимизирање на ризиците при бременост и можните компликации по плодот;
Предавателот на сигнал се аплицира на самиот сензор и истиот преку BlueTooth протоколот ги пренесува податоците за нивото на гликоза во крвта на уред за примање податоци или на паметен телефон. Предавателот користи батерија од типот CR1620. НАПОМЕНА: батеријата не е вклучена во предавателот и истата корисникот сам ја набавува!

Ratings & Reviews

0.0

No Review Found.


To Review


To Comment